Животот на село – Солца, лепца, пиперца, токму манџа

(Oвој напис е објавен на: May 15, 2019)

Тој што не видел не знае каков е животот на село. Има многу работа и не е лесно да се опстане. Недостасуваат многу работи во  кои уживаат луѓето од градот, но сепак се среќни. Она на што секогаш им завидуваат од градот е чистата животна средина, чист воздух и она најважното здрава храна. Лукче, кромитче, компири, пиперки, домати и се’  останато од страна зеленчук.

Млеко и млечни производи без никакви додатоци, кокошки , прасиња, јагниња. Како што кажуваат жителите во селата , храна секогаш имаат. Велат земјата нема да роди само тогаш кога нема да ја сработиш. Солца, лепца, пиперца, токму манџа.

Фотографиите се направени во с. Мусинци.

 

Share Button