fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

МЗШВ: Залудна е секоја лага, ние сме искрен партнер на лозарите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сите овие години, било и секогаш, ќе биде на страната на земјоделците, се наведува во реакцијата на МЗШВ на изјавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоранчо Јованчев.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сите овие години, било и секогаш, ќе биде на страната на земјоделците. Токму ова сме го докажале преку повеќе конкретни мерки за поддршка на секој еден земјоделец

Токму министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна постапка за донесување на нов закон за вино, предлог кој веќе е во владина постапка за усвојување, а потоа како предлог ќе се најде пред пратениците во Собранието.

Законско решение кое ги решава долгогодишните проблеми на лозарите, ја гарантира производната цена, ги утврдува географските ознаки и е во целост прилагоден со законодавството на ЕУ. Ваквиот предлог на закон посветено и одговорно беше подготвувано во конуслтаија и соработка со земјоделците, научната јавност, здруженијата на земјоделците и здруженија на винарии.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во целост ги отфрла изнесените невистини од страна на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоранчо Јованчев.

Сакаме да ја инфомрираме јавноста дека МЗШВ во врска со поднесениот предлог на закон, за дополнување на законот за вино, поднесен од група пратеници во Собранието, во никој случај не е против предложената измена, и токму тоа е наведено во мислењето на министерството. Впрочем ваквата одредба во целост е предвидена и во законското решение кое го има подготвено министерството и е во владина постапка.

Она што за министерството е спорно во предложените измени на законот од групата на пратеници е делот каде е предивено министерството до 1 август за тековната година да ја објави производната цена за најмалку две најзастапени сорти на грозје и постапката на кој начин се утврдила производната цена. За да може да се утврди производната цена кај најмалку две најзастапени сорти грозје со предложениот закон е предвидено е претходно се да донесе Методологија за пресметка и да се одбере Научна установа која би ја пресметала производната цена, а со преодната одредба од членот 4 од префложениот закон се изоставува таа Методологија и се предвидуваат критериуми за пресметка кои не се усогласени со лозарите,винариите и научната фела што може да предизвика недоверба во објавените цени за тековната реколта и да предизвика неповолни последици за врз откупот на винского грозје кои пред се би се одразиле на лозарите.

Во таа насока МЗШВ смета дека ваквиот рок за утврдување на производната цена е краток, па наместо да се донесе решение во интерес на лозарите би се донел избрзан предлог, кои нема да обезбедат доволна транспарентност, објективност и доверба во така објавените цени, што може негативно да влијае на откупот на овогодишната реколта на винско грозје. Токму поради овие причини МЗШВ има дадено такво мислење, каде се вели дека ДА законот треба да се поддржни, но ако од него се изостави членот 4 така како што е продложен од групата пратеници.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е искрен партнер на земјоделците, а лозарите секогаш биле силно поддржани од државата.

Вложувањето и развојот на винскиот сектор, за нас е прв и најзначаен приоритет.

Лозарите не беа оставени сами и во услови на КОВИД кризата, каде за 2020 и 2021 државата исплати 10,5 милиони евра за поддршка на лозарите. Исто така, да не заборавиме дека во 2017 година беа исплатени 2.000.000 евра долг кон лозарите од неисплатено винско грозје од винарските визби Повардарие и Стефани.

Креирана е нова мерка за поддршка на малите семејни винарии, доделувајќи грант до 10.000 евра за набавка на опрема за прозиводство. Ваквата поддршка придонесе за зголемување на бројот на регистрирани винарски визби.

Континуирната поддршка за лозарите и винскиот сектор придонесе да имаме стабилно производство на грозје, но и пораст во производството на вино, пораст на извозот и тоа на флаширано вино. Како држава сме втора држава во регионот и меѓу дваесете во светот по извоз на вино, а токму овој факт не обврзува да вложуваме уште повеќе во промоција на нашето убаво вино.

Понатака нашата искрена намера да го развиеме винскиот сектор ја потврдуваме и со подготовката, за прв пат, на десет годишна стратегија за развој на секторот вино и на лозарството во нашата држава. Главната стратешка цел на оваа десетгодишна стартегија е зајакнување на конкуретноста на македонската винска индустрија во делот на лозарството и винарството, со цел искористување на целосниот потенцијал на индустријата. За да стане препознатлив вински бренд на регионалните и интернационалните пазари, преку фокусирање на локални сорти и поднебјата за истакнување на нивните најдобри карактеристики.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство секогаш е отворено за дијалот и сите мерки во министерствто се носени на тој начин, па така и за ова важно законско решение, законот за вино, сме подготвени со пратениците да разговараме и да изнајдеме заеднички решенија, кои пред се би биле во интерес на земјоделците.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close