fbpx
Вести

МЗШВ со оглас за поддршка на млади земјоделци

zemjodelec

Министерството за земјоделство го распишува огласот за реализација на мерката за поддршка на млади земјоделци со која се доделуваат 10 илјади евра неповратни средства по земјоделец. Министерот Љупчо Николовски најави дека за да се добијат парите ќе треба да се исполнат соодветни критериуми. Се распишува и оглас за субвенционирање на подигнувањето повеќегодишни насади, а рокот за пријавување е до 1-ви септември. Само за овие две мерки издвоени се вкупно 6 милиони евра, а министерот Николовски рече дека ќе бидат реализирани до крајот на оваа година.

„До сега сме сведоци на низа на малверзации при распишувањето на овие огласи затоа што единствен услов беше прв дојден – прв услужен. Затоа парите не завршуваа таму каде што треба. Затоа сега со правилник регулираме сите овие средства да не се делат по ниту една друга основа туку по критериуми кои младите земјоделци треба да ги исполнат: да се до 35 години, да се за набавка на опрема, да се за отварање преработувачки капацитети и слично“, рече Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Со оглед на тоа што рокот од 29-ти февруари воопшто не бил објавен оваа година, им излегуваме во пресрет на земјоделците кои извршиле есенско подигање во 2016 година и на оние кои извршиле пролетно подигање во 2017 година. Сите кои подигнале насади ќе можат да поднесат барања за исплата до први септември“, додава Николовски.


 

бриф.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close