fbpx
Вести

МЗШВ: Вкупно 5 денари финансиска поддршка за стабилизирање на откупот на сливи

Со цел решавање и стабилизирање на откупот на сливи, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведе нова субвенција од 2 денари за килограм, за правните лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски мерки. Воедно, за земјоделците во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, субвенцијата за предадено овошје во преработувачки капацитет, вклучително и за сливите, е зголемена од 2 на 3 денари за килограм. Со овие мерки, вкупната финансиска поддршка што ја дава МЗШВ за стабилизирање на откупот на сливи, изнесува 5 денари.

Финансиската поддршка за откупувачите ќе важи за откупени количини на сливи до 15 септември 2018 година, по откупна цена не пониска од 5 денари за килограм за индустриски сливи. Оваа субвенција ќе важи и за откупувачите кои ќе откупат свежа слива, со кои што на еден од состаноците изминативе денови што ги одржа тимот од МЗШВ, е договорено откупната цена за оваа слива да не биде пониска од 8 денари за килограм. Во моментов над 20 компании откупуваат сливи.

МЗШВ стапи во контакт со откупувачите и најодговорно тврди дека секој откупувач при откуп на слива, издава кантарна белешка.

МЗШВ континуирано го следи откупот на сливи и повторно ги повикува земјоделците да не наседнуваат на партиски мотивирани протести. Министерството работи според законските овластувања и во интерес на земјоделците поради што во изминатата година ипол воведе системски мерки за поттикнување на развојот на земјоделството. Минатата година за 10 отсто ги зголемивме субвенциите за овошни насади вклучително и за сливите. По овој основ зголемени субвенции добија над 2.500 производители на сливи, за што беа исплатени 64 милиони денари.


 

a1on

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close