fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ПЛАТА НАД 500 ЕВРА: Албанци се грижат за стадата во Западна Македонија

На сточарите тешко им оди да најдат овчари

На сточарите тешко им оди да најдат овчари во земјава кои би се грижеле за нивните стада, па затоа ангажираат овчари од соседна Албанија.

Најчесто за ваква работа се јавуваат овчари од пограничните места. Неискусните овчари месечно заработуваат помалку од 500 евра, а оние кои имаат знаење и искуство, заработуваат по 600 или 700 евра. Скендер Аме, претседател на Здружението на сточари „Дешат“ од Дебар, вели дека веќе 20 години имаат проблем да најдат овчари овде, и затоа земаат луѓе од соседна Албанија. Додава дека има многу млади луѓе кои се работоспособни, но немаат волја за оваа работа.

„Доаѓаат млади луѓе преку распуст да работат, но тие се неискусни, и заработуваат до 500 евра, а оние кои си ја знаат работата и помагаат и за млекото земаат и по 700 евра. Во дебарско сигурно има од 40 до 50 овчари од Албанија кои се грижат за овците. Во гостиварско има дел домашни, а дел овчари од Албанија. Луѓе од Албанија одат да чуваат овци и во Битола или Ресен. Луѓето овде не сакаат да ја работат оваа работа, сметаат дека е тешка“, рече Аме.

Тој објаснува дека доколку не ги платат добро искусните овчари, тие можат да најдат работа и во Хрватска, каде исто така се бараат за чување на стока. Вели дека во Дебар и Центар Жупа бројот на грла варира од 40.000 до 44.000. Имале две до три години кога бројот на грла се зголемувал, но сега е обратно. Како причина ја наведува ниската цена на јагнето. Аме објаснува дека за да им се исплати трудот, цената треба да е над 200 денари за килограм, а доколку изнесува 180 денари, тогаш само ги покриваат трошоците. Под оваа цена е нерентабилно да се чуваат јагниња.  Вели дека во тешките години, за нив е добро тоа што овчото сирење се троши на домашниот пазар, и на тој начин компензираат.

Како што деновиве пишуваа хрватските медиуми, од Нова година наваму Хрватите треба да најдат работна сила во својата земја, а дури потоа можат да ја бараат од странство. Но, Хрватите иако ги има во голем број во Агенција за вработување како невработени, сепак не сакаат да чуваат овци, а газдите нудат плата, сместување, храна, и тутун за оние кои пушат.https://faktor.mk/plata-nad-500-evra-no-makedoncite-ne-ja-sakaat-ovaa-rabota-albanci-se-grizat-za-stadata-vo-zapadna-makedonija

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close