вести

МЗШВ: Реализираме капитални проекти, ги зголемуваме наводнуваните плодни површини, создаваме конкурентно земјоделско производство

(Oвој напис е објавен на: ноември 13, 2018)

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реализира низа капитални проекти во водостопаството, со цел зголемување на наводнуваните земјоделски површини, што крајно ќе придонесе за поконкурентно и зголемено земјоделско производство.

Со ребалансот на Буџетот, во делот на водостопанството се обезбедија дополнителни средства од над 23 милиони денари за Проектот за наводнување на Јужната долина на реката Вардар 2 фаза, со што се овозможува почетокот на изградбата.Дополнително со ребалансот се обезбедија нови 20 милиони евра за капитални проекти во делот на водоснабдувањето кои ќе отпочнат со реализација следната година.

Во моментот градежните активности за системот за наводнување „Равен – Речица“ полошкиот регион се во полн ек. Со овој систем се овозможува наводнување на над 3.300 хектари земјоделска површина во општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово. Вкупната вредност на инвестицијата за реализирање на главниот доводен цевковод од системот за наводнување “Равен – Речица“ изнесува околу  975 милиони денари. Изградбата ќе се реализира во две фази и се очекува да трае 5 години. Реализацијата на овој капитален проект се финансира со средства од Буџетот на Република Македонија, преку Програмата за финансиска подршка на руралниот развој.

Паралалено, интензивно се гради и браната Конско, во гевгелискиот регион, каде што во оваа фаза од градежните активности градилишната населба, амбуланта и теренска лабораторија се веќе во функција. Со оваа брана, од сегашните 1.500 хектари, наводнуваните површини ќе се зголемат на околу 8.000 хектари. Висината на оваа инвестиција изнесува 40 милиони евра, обезбедени од буџетот на МЗШВ.

Во завршна фаза се преговорите со потенцијалниот понудувач односно изведувач на Програмата за наводнување на Јужната долина на реката Вардар 2 фаза по што ќе започне изградбата на системот за наводнување од Удово до Страиште, со кој ќе се наводнуваат нови над 2.000 хектари земјоделски површини во валандовскиот регион.

Неодамна, германската развојна банка KfW, и обезбеди на Македонија нови 20 милиони евра за реализација на проектите  „Програма за наводнување на јужната вардарска долина фаза 3“ и „Повеќенаменски ХС Лисиче“ 2 и 3 фаза. Овие два проекти од областа на наводнувањето се од исклучително значење за велешкиот и валандовскиот регион. Нивната реализација директно ќе влијае врз зголемување на наводнуваните површини во овие региони и врз подoбрување на конкурентноста на земјоделството.

За 10-тина дена завршува реконструкцијата на системот за наводнување Врсаково во штипско. Станува збор за инвестиција во вредност од 40.000 евра. Овој систем за наводнување стои руиниран 20 години, сега со реконструкцијата ќе се обезбеди наводнување на нови околу 250 хектари земјоделски површни.

Интензивно се одвиваат градежните работи на браната на Оризарска река. Во завршна фаза е изградбата на патот до телото на браната, активно се работи на асфалтирањето и потоа почнува изградбата на браната. Со изградбата на оваа брана ќе се реши водоснабдувањето на повеќе населени места во општините Кочани, Виница и Чешиново-Облешево.

Исто така преку ИПА 2015 програмата на ЕУ, се одвида преку Проектот за „Мали економични и еколошки системи за наводнување“, во износ од 1,8 милиони евра. Во завршна фаза е проектирањето на 3 од 8 мали системи за наводнување, за кои до крајот на годината треба да се распише тендер за изведба. Идната недела започнува со проектирање уште на 2 системи за наводнување.

 


 

mzsv

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close