fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Од штала во гостиварското село Градец украдени 48 овци

Се краде од животни, алати, казани се до мотокултиватори.

Четириесет и двегодишниот А.А. од гостиварското село Градец, вчеравечер во 23 часот во СВР Тетово пријавил дека од неговата штала биле одземени 48 овци. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово, велат дека се краде се и сешто од животни, алати, казани се до мотокултиватори. Но, нивни екипи се почесто ги расчистуваат кражбите, а голем дел од одземеното им се враќа на сопствениците.

„Летово на тетовското подрачје целосно расчистени се 10 кражби на моторни возила, 7 кражби на електрилни тротинети, но и повеќе други кражби. Сторителите на овие кражби се идентификувани, односно откриени се и веќе им се изготвени поднесоци, а одземеното е пронајдено и вратено им е на сопствениците, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close