fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

На 23. февруари оризопроизводителите од кочанско на протести

(Видео)Со старата земјоделска механизација ќе го блокираат патот Штип-Кочани.

Оризопроизводителите од кочанско на протести излегуваат на 23. февруари. Со старата земјоделска механизација ќе го блокираат патот Штип-Кочани. На ресорното министерство и Платежна агенција рок за исплата на субвенциите им дадоа до понеделник, но не веруваат дека парите ќе им легнат на сметките, објави Телма .

Субвенциите на оризопроизводителите им требаат пред стартот на седибата, кога имаат големи трошоци. Во прилог не им оди и ниската откупна цена на оризот. Забележуваат дека откупвачите дебело печелат на нивната мака, им го земаат за 40, а го продаваат од 70 до 120 денари за килограм. Апелираат водостопанство Брегалница навреме да почне со чистење на каналите, за да не се случи ланското доцнење на сеидбата на одредени делови во кочанско поле, а бараат да се реши и проблемот со препаратите за прскање.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close