fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

На државата ѝ се потребни сончоглед и пченица, но нема кој да ги произведе

Од велешката „Маслодајна“, најавија дека ќе го откупат целокупното производство на сончоглед

На државата ѝ требаат поголеми количини сончоглед и пченица, но нема интерес за нивно садење поради ниските откупни цени последните години. Земјоделците велат дека не може да се зголемат површините со пченка, пченица, сончоглед… за толку кратко време. Потребно е време, на државата ѝ се брза, но требаше да мисли за тоа навреме, велат тие. Сега државата дава бесплатно земјиште за производство на жита, но нема кој да ги посее. Селата се испразнија, младите се иселија, а нивите одамна зјаат празни.

Кризата и високите цени на маслото за јадење ја нагласија потребата од дополнително производство на сончоглед. Неодамна, од велешката „Маслодајна“, најавија дека ќе го откупат целокупното производство на сончоглед, кое се очекува годинава да биде поголемо поради новите владини мерки.

– Нашата компанија е единствената која произведува масло за јадење од сончоглед, односно без да набави сурово масло. Имаме капацитет за 40.000 тони сончоглед, но, за жал, поради малите површини лани, купивме помалку од 4.000 тони сончоглед. Дел увезуваме од Србија и од Бугарија и работиме со капацитет од 15 отсто. Јас би бил среќен кога би се вратил сончогледот на нашите полиња. Ќе биде бенефит и за државата и е едноставен за работа за земјоделците. Ние ќе го откупиме целокупното производство, колкаво и да е – изјави директорот Горан Лазов.

https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close