fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

На еден месец пред бербата на пиперката ајварка земјоделеците не знаат по која цена ќе ја продаваат

Земјоделците бараат договори за сигурен пласман на производите

За околу еден месец ќе почне бербата на популарната пиперка ајварка, а земјоделците не знаат каде и како ќе ја пласираат. Велат,  производството веќе стасува, а тие во моментов  немаат никакви контакти ниту со откупувачите, ниту со преработувачите околу пласманот и потребите на пазарот. Васе Панов од струмичкото село Куклиш годинава има околу еден хектар под пластеници со куртовска капија. Задоволен е од производството, но единственото што го плаши е пласманот. За да не се повторат сликите со протестите како со зелката, доматите и компирот вели уште пред почетокот на бербата неопходни се заеднички средби со сите релевантни чинители, од производители, откупувачи, преработувачи па се до  државните институции.

Според Панов, еден од начините за поголема сигурност на земјоделците е почесто присуство на инспекторатот на терен , но и вистинска примена на законот за неделни откупни цени.

Според првичните проценки производството на куртовска капија во струмичкиот регион се очекува да биде на ниво на просекот од последните неколку години или помеѓу 30 до 35 000 тони. За да имаат рентабилност земјоделците очекуваат просечна цена од 40 денари по килограм.

Тв Сител

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close