
Официјално СВР Битола соопштува – На 12/13.07.2025 година, во временскиот период од 20.00 – 04.00 часот, од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Ресен при контрола на културна манифестација во с. Долно Дупени, ресенско, кај Ф.С.(38) од Скопје и К.Р. (46) од Прилеп била пронајдена марихуана, а кај Б.Д.(39) од Прилеп била пронајдена прашкаста материја и банкнота со траги од прашкаста материја. Лицата се лишени од слобода и по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.