fbpx
ВестиТоп вести

На име субвенции  за година  и пол исплатени 200 милиони евра

 

Од Платежната агенција информираат дека на име субевнции исплатени се  200 милиони евра. Субвенциите се средства кои ги дава  државата  со цел да се постигне развој во земјоделското производство. Земјоделците често реагираат дека не им се исплаќаат редовно субвенциите. Од агенцијата пак велат дека наследиле големи долгови  и дека за година и пол исплатиле субвенции за 5 години. Има уште средства што треба да се исплатат но таа сума е значително помала во однос на онаа што е исплатена во последната година и пол.

„ Наследивме огромни долгови во овој дел, односно неисплатени заостанати субвенции од 2013, 2014, 2015,2016 – та година а исплаќавме средства од Програмата за 2017 – та, па така за година и пол исплативме вкупно 200 милиони евра, не’ информираат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. По програмата за директни плаќања исплативме 6 милијарди 751 милион денари, односно реализација од 99,9% од вкупниот Буџет за директни плаќања.

По Програмата за Рурален развој – капитални инвестиции, исплативме 1 милијарда 122 милиони денари што е 71 % од вкупниот предвиден буџет за таа ставка. По програмата рибарство и аквакултура исплативме 16,2 милиони денари.  На ниво на на Агенција по сите програми исплативме 7,9 милијарди денари по сите Програми, односно 94% од вкупниот Буџет“, додаваат од АФПЗРР.

Остануваат уште мал дел наисплатени субвенции.Неточна трансакциска сметка, погрешен матичен број  и слични  проблеми од техничка природа  се често проблеми кои ја закочуваат исплатата на субвенции на корисниците. Од агенцијата велат дека се обидуваат ваквите проблеми да ги надминат за да може парите да стигнат навреме.

„Правиме се за да може да фатиме чекор со календарот на исплати, и така да овозможиме земјоделците да имаат и увид кога би ги добивале средствата со што ќе им олесниме да можат да се подготвуваат навреме за реколтите но и за сите други пропратни дејствија кои се потребни за добар род и квалитет“, информираат од агенцијата.

Што се однесува за исплатата на субвенции за ридско планински подрачја која е дополнителна мерка, апликациите се  обрабоотуваат во моментов и штом биде завршена оваа активност налозите ќе бидат доставени до трезор при Министерството за финансии.

„Како и останатите кои се дополнителни мерки и овааа се исплаќаат откако ќе се реализираат оние мерки кои се постојани. Но, во соодветен рок и овие средства ќе бидат испратени на сметките на земјоделците“, уверуваат од платежната агенција.

П.Ј.

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close