вести

Николовски: Има основи да се раскине договорот за концесија за Казандол

nikolovski

– Има правни основи да се раскине договорот за концесија за рудникот Казандол во Валандовско, најави вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Тој во емисија за ТВ 24 посочи дека Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за степеност на изграденост на рудникот Казандол и го задолжи Министерството за економија во наредните седум дена да ја информира Владата за степеност на изграденост, но и за можностите за раскинување на договорот за концесија.

– Констатирани се многу неправилности и има сериозни индиции дека не се исполнети сите услови во договорот за концесија. Сметам дека има правни основи тој да биде раскинат, рече Николовски.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close