fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

На истокот му се заканува суша, нивото на вода во Калиманци драматично ниско се најавуваат и рестрикции

 

Периодот без врнежи на Кочани може да му донесе рестрикции на водата за пиење. Сушата веќе го намали нивото во браните и реките на истокот од државата.

Поради пониските температури градот сега нема проблеми во водоснабдувањето, но од кочански Водовод признаваат дека нивото на подземните води загрижува. Кочани веќе две години нема рестрикции, критична била состојбатa лани во октомври, но ги спасило заладувањето. На пролет ќе копаат уште еден бунар, што треба да го намали недостигот на вода.

Дека има причина за загриженост покажува и нивото на вода во најголемата брана на истокот. Калиманци е полна само 27 проценти, доток во браната речиси и да нема, а драматично е спуштено и нивото на подземни води. Без дожд во прашање може да биде доведен и стартот на сезоната на наводнување во април.

Состојбата е иста секаде на Балканот. Потребен е период на обилни врнежи за да се наполни браната. Слична беше состојбата пред три години, но тогаш не спасија врнежите во јануари и февруари и подготвени ја пречекавме сезоната за наводнување, велат во Водстопанство Брегалница.“

Неизвесни се и приносите од есенската сеидба. Се ораше и сееше во ноември и декември, па земјоделците велат дека житариците се оставени на милост на времето, скратен е периодот за вегетација, но рано е да се говори за елементрана непогода пред да се видат приносите.

Статистички Македонија се уште се наоѓа во врвот на земјите по загуба на вода во земјоделството, а загуби  на вода далеку над еврпскиот просек имаат и речиси сите градови во државата. Во комуналните претпијатија на истокот низ мрежата се губи и над  50 проценти од водата за пиење.

Извор:24.мк

Слични написи

Back to top button
Close