Агро бизнисБез категоријаВести
На нивите во Македонија цвета бизнисот со струја!
Огромниот интерес за изградба на фотоволтаици продолжува да ги уништува земјоделските површини.
Огромниот интерес за изградба на фотоволтаици продолжува да ги уништува земјоделските површини. Бизнисот со струја цвета, а земјоделците останаа без ниви, објави vecer.press
-Поставувањето фотонапонски централи треба да биде стратешки направено со утврдени локации од страна на државата кои ќе можат да ги купуваат инвеститори за да не се доведеме во состојба и на плодно земјиште да никнуваат централи наместо да се произведува храна. Има доволно површини во земјава кои се погодни за фотоволтаици, а не се обработливо земјиште, но притоа е потребно да не се дозволат манипулации и коруптивни зделки, велат енергетските експерти.
Универзитетскиот професор, Илија Каров, смета дека со оваа политика што сега се води буквално се уништува земјоделството. Како што тргнала работата наскоро ќе немаме воопшто домашно производство.