вести

На пролет превентивна ревакцинација против јазлеста кожа

На пролет ќе се изврши ревакцинација кај животните за болеста јазлеста кожа во земјава и во регионот, за да се зголеми превенцијата согласно оперативниот план на ветеринарните власти.

na prolet preventivna revakcinacija protiv jazlesta kozha

 

Минатата недела во Лисабон, Португалија, се одржа состанок организиран од светската организација за заштита на животните бидејќи болеста јазлеста кожа има тенденција да се шири во сите европски земји.

Македонија ќе добие можност за рефундирање на потрошените пари околу преземените активности во врска со спречувањето на болеста.

– За почеток добиен е дел од тие средства, кои што се очекува дека набрзо ќе и бидат вратени на нашата земја во целост. Во врска со надоместот на штета за сточарите, бидејќи тие егзистираат од животните, од очекувани 1.500, добиени се 950 барања – рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски, кој додаде дека болеста веќе подолг период е ставена под контрола бидејќи се вакцинирани сите животни.

Годинешната вакцинација создава имунитет за 3 години кај говедата.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close