fbpx
ВестиМакедонија

На протест земјоделци од Арачиново и Гази Баба: „Зошто во Ресен добиваат оштета, а ние не“

Видео-Земјоделците од Арачиново и Гази Баба бараат оштета за штетата предизвикана од поплавите во 2018

Земјоделците од Арачиново и Гази Баба  го блокираа булеварот “Александар Македонски“ во Скопје. Тие бараат оштета за штетата предизвикана од поплавите во 2018.

„Баравме да бидеме третирани исто како земјоделците од овие две општини, бидејќи имаме многу сигурни информации дека низ разни општини во РСМ имало штета по 2018 и им е извршена исплата. Само една општина ќе спомнам, Ресен. Во Ресен имало штета во 2019 и е исплатена оштета за земјоделците од Ресен“, вели Аднан Хајрулаху.

„Наместо да сме на нива и да работиме,ние излеговме на протест. Не знам зошто ние треба да го бараме нашето право на протест.“.

Земјоделците велат дека денеска е само прв ден од протестите,бидејќи тие ќе продолжат да протестираат додека се реши проблемот. Од Влада нема никаква реакција.https://mk.tv21.tv/na-protest-zemjodeltsi-od-arachinovo-i-gazi-baba-zotsho-vo-resen-dobivaat-oshteta-a-nie-ne/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close