Вести
На путерот му се заканува исчезнување
На европскиот пазар нагло поскапе путерот. До Божиќ се најавува уште едно поскапување, а можно е и да нема доволно за потребите.
За година дена на европскиот пазар цената на путерот скокна за 190 отсто, односно за 7.300 долари по тон. Путерот веќе недостига во Франција, а голем потрошувач е и Кина.
По 2014 година Европа беше преплавена со млеко откако Русија воведе ембарго за млеко од ЕУ.