fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

На располагање нови средства за кофинансирање на веќе набавени пчелини матици и педигрирани чистокрвни или хибридни свињи

Сите сточари кои во период од 01- ви октоври до 31- ви декември 2019  година набвиле пчелини матици од одобрени одгледувалишта и педигрирани чистокрвни хибридни свињи ќе може да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку Мерката „121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ од Програмата за Рурален развој. Право на аплицирање за добивање на оваа финансиска поддршка имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

 

Финансиската поддршка за набавка на пчелини матици е до 600.000 денари по корисник, додека за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи финансиската поддршка е до 6.500.000 денари по корисник.

За Мерка 121, финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Ставката за ко-финансирање се зголемува во случаите кога:

-се работи за инвестиции на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55%

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60%

-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец 65%

-за инвестиции во недостапни рурални заедници 75%

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за исплата со бараните податоци и да прикачат задолжителни електронски документи (фактури или сметко – потврда кои ги докажуваат реализираните трошоци, детални испратници за испорачаните матици/добиток, уредно заверени, Решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС при МЗШВ не постаро од еден месеци од денот на објавување на јавниот повик, фискална сметка или налог за плаќање ПП30 со извод за плаќање или налог за плаќање ПП10 со извод за плаќање на име на добавувачот, образец на Договор уредно заверен со потпис и печат и други).

 

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.

  • Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање на ebaranje.ipardpa.gov.mk
  • Барањата кои не поднесени електронски на ebaranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

 

Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јaвното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

Извор:24инфо

Слични написи

Back to top button
Close