fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

На секое полнење на резервоар од 60 литри плаќате 840 денари повеќе, тврди опозицијата

14 денари давачки кон буџетот за секој литар гориво, рече Миле Лефков, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ.

Заради Зоран Заев и СДСМ горивата во Македонија се поскапи за 14 денари, пари кои одат директно во буџетот на име ново воведени акцизи, давачки и такси, тоа е покачување кое не е последица на зголемување на светската цена на горивата, туку е последица на алчноста на Зоран Заев, рече Миле Лефков, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ.

Заев првин го испразни буџетот, потроши скоро 15 милијарди евра за 4 години и направи нов долг од 2.4 милијарди евра. Македонија е позадолжена од кога било, и сега кога буџетот е празен удира по џебот на народот, за тој да ја покрие дупката во приходите, која настана заради тендерите кои си ги даваа на блиски луѓе и поткупот кој го правеа пред избори. Заради Зоран Заев на секое полнење на резервоарот на автомобилот од 60 литри плаќате дополнителни 840 денари. Овие 840 денари повеќе ги плаќате само заради неспособноста на Заев. Доколку во месецот ставате гориво два пати, вие плаќате 1.680 денари повеќе, и тоа само заради Зоран Заев. Тоа на годишно ниво се 20.160 денари, или едноставно кажано, за една година Заев ви зема 20.160 денари, односно една цела месечна плата.

Сите граѓани на Македонија плаќате поскапи горива затоа што владата на Заев го испразни буџетот, затоа што расипнички управуваат со буџетот и вашите пари.

Дополнително ова покачување на цената ќе влијае и на цените на сите производи во малопродажба. Постои реална опасност од ценовен шок и зголемување на цените на сите производи, пред се заради фактот што горивата се примарно средство за производство во многу дејности. Од овде апелираме власта да се откаже од најновото покачување од 4.13 денари и наместо со даноци, да почне да крати од непродуктивните трошоци, големите тендери и да скрати од поткупот кој го прават за избори. Народот не смее да страда заради нечија амбиција за пари и богатење на нелегален начин. Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!, рече Миле Лефков, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close