fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Сончево со мала до умерена облачност, на планините со услови за дожд

Во сабота под влијание на влажен бран ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд во поголем дел од земјава, на места и пообилни.

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.

Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од пет до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во сабота под влијание на влажен бран ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд во поголем дел од земјава, на места и пообилни. Во недела и понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерен, на места засилен ветер претежно од западен правец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close