
Набавете нов трактор преку ИПАРД III Програмата
Инвестиции во набавка на механизација/трактор: Набавка на земјоделска механизација – трактор треба да биде во согласност со параметрите наведени во табелата “Максимална прифатлива моќност на трактори“, односно моќта на предложниот трактор за набавка да соодветствува со регистрираните производствени капацитети на земјоделското стопанство. Горна граница за моќноста на тракторите по сектор и големина/капацитет.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на февруари 2025 година објавувa ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2025 за доставување на барања за финансиска поддршка од
ИПАРД Програмата 2021-2027
Инвестиции во набавка на механизација/трактор:
Набавка на земјоделска механизација – трактор треба да биде во согласност со параметрите наведени во табелата “Максимална прифатлива моќност на трактори“, односно моќта на предложниот трактор за набавка да соодветствува со регистрираните производствени капацитети на земјоделското стопанство.
Горна граница за моќноста на тракторите по сектор и големина/капацитет.
КАПАЦИТЕТ НА МОЌ НА ТРАКТОР ПО СЕКТОР И ГОЛЕМИНА/ПРОИЗВОДЕН КАПАЦИТЕТ | ||
ТИП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО | ГОЛЕМИНА (ha) | ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ
(kW) |
Лозје (вински сорти) | 1-10 | 60 |
10-50 | 80 | |
над 50* | 100 | |
Житни и индустриски култури | 1-10 | 80 |
10-50 | 110 | |
над 50* | 150 | |
ТИП НА СТОЧАРСКО ПРОИЗВОДСТВО | ГОЛЕМИНА (ДЕ)
(добиточни единици) |
ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ
(kW) |
Говеда за тов и млечни крави | 10-20 | 60 |
20-50 | 80 | |
над 50 | 100 | |
Свињи | 8-100 | 60 |
100-500 | 80 | |
над 500 | 100 | |
Овци/кози | 10-50 | 80 |
над 50 | 100 | |
Живина | 10-140 | 60 |
140-1400 | 80 | |
над 1400 | 100 |
Напомена:
– Еден корисник може да набави еден трактор
– (*) Еден корисник може да набави еден или два трактори со максимална вкупна пропишана големина на KW
– прифатливи се набавки на трактори кои исполнуваат ЕУ стандарди кои се однесуваат на заштита на животната средина, особено во однос на границите на емисиите на гасови и загадувачки честички (Регулатива (ЕУ) бр. 167/2013), односно прва еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 5 согласно Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/08, 53/11, 123/12, 153/12, 70/13, 164/13, 138/14, 154/15, 192/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19 и 87/23).
Во случај корисникот претходно да користел ЕУ поддршка за трактор, не може дополнително да аплицира за инвестиција во трактор во рамките на ИПАРД Програмата 2021-2027. Ова ограничување не се однесува на земјоделските задруги и здружени правни лица.
- Висина на финансирање
Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција за оваа мерка не може да биде пониска од 20.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи ДДВ.
Максималната поддршка која може да биде доделена на еден корисник под оваа мерка изнесува 1.500.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ за целиот период на спроведување на Програмата.
Максималната финансиска поддршка која може да се додели на новоосновани правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавниот повик) по оваа мерка е 100.000 евра во денарска противвредност.
Максималната вкупна финансиска поддршка која може да се додели на поединечен проект според оваа мерка е 750.000 евра во денарска противвредност.
Вкупната финансиска поддршка (75% од ЕУ фондовите + 25% национално кофинансирање) која се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во рамки на оваа мерка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.
Овој процент на кофинансирање ќе се зголеми до:
- 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (согласно Листата на планински области);
- 70% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и/или земјоделски стопансва кои се сертифицирани како органски за предметната инвестиција.