fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ објави ОГЛАС за ЗЕМЈА НАД 3 хектари во Битола, Валандово, Велес, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Струмица, Демир Хисар, Штип и Гази Баба

Земјоделското земјиште во државна сопственост  кое се дава во закуп е со намена за: -подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период од 30 години, -подигање на долгогдишни насади  со лешник за период до 70 години, -одгледување на други земјоделски култури култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години, -за одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за период до 30 години.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави Јавен оглас бр.01/23за давање во закуп на земјоделско земјиште водржавна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање објавен во (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/23 од 04.05.2023 година).

Предмет на Јавниот оглас е земјодеско земјиште во државна сопственост, со вкупна површина од 1.241 ха, 07ари, 51м2, распределено во различни региони како што се :Битола, Валандово, Велес, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Струмица, Демир Хисар, Штип и Гази Баба.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Земјоделското земјиште во државна сопственост  кое се дава во закуп е со намена за:

-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период од 30 години,

-подигање на долгогдишни насади  со лешник за период до 70 години,

-одгледување на други земјоделски култури култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,

-за одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за период до 30 години.

Огласот трае 20 дена од денот на објавувањето.

https://agrotim.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close