Агро бизнисВестиТоп вести

Националната земјоделска мрежа бара итна и неотповиклива оставка на раководството на Сојузот на здруженија

Во соопштението меѓудругото стои- ЈАВНО бараме и повикуваме преставниците на Сојузот под итно и безусловно да си дадат неотповиклива оставка и преку транспарентен процес самите тутунари да се изберат нови преставници на тутунарите кои вистински ќе ги претставуваат и штитат интересите на тутунарите пред другите социоекономски партнери и кои ќе иницираат и бараат итни законски измени во Законот за тутун кој во овој момент, но на еден начин не ги штити правата и интересите на тутунарите.

Сооопштение од Националната земјоделска мрежа до тутунопроизводителите

Почитувани тутунопроизводители!

Националната земјоделска мрежа најостро ги осудува изјавите од страна на Сојузот на земјоделски здруженија со кои официјално се признава дека улогата на Сојузот околу одлучување за цените начинот на проценка и политиката на откуп од страна на откупните компании, нема никаква можност за било какво влијание, односно дека неговата улога е симболична.

Ние како НЗМ, многупати досега сме истакнале и апелирале и до надлежните и до јавноста дека ова законско решение е погубно за тутунопроизводителите и требаше час побргу да се пристапи до измена на Законот за тутун.

За жал нашата инцијатива не наиде на разбирање и поддршка од надлежните.

Ние како НЗМ во никој случај не ги прифаќаме тврдењата на Сојузот во кој се кажува дека цела година се работи на изготвување на ново законско решение за тутун и дека Сојузот има поднесено предлог цени до откупувачите и дека очекуваат тие да бидат прифатени од истите.

Поради сите овие причини во ова прилика ЈАВНО бараме колективна оставка на сите членови на Сојузот од следните причини:

1. Во ниту еден момент не свикаа јавна трибина со тутунарите на која која тутунарите ќе имаа можност да си го искажат својот став околу сите прашања поврзани со цената на нивниот макотрпен труд.

2. Отсуство на јавност, транспарентност и отчетност во финансиската работа на Сојузот што е и законска обврска спрема членовите

3.Како овластени претставници на тутунарите ни во еден случај и на било кој начин не влијае врз откупните компании за да ги заштитат правата на тутунарите како рамноправен социоекономски партнер спрема откупните фирми и државата согласно Законот за тутун.

Поради сите наведени причини ЈАВНО бараме и повикуваме преставниците на Сојузот под итно и безусловно да си дадат неотповиклива оставка и преку транспарентен процес самите тутунари да се изберат нови преставници на тутунарите кои вистински ќе ги претставуваат и штитат интересите на тутунарите пред другите социоекономски партнери и кои ќе иницираат и бараат итни законски измени во Законот за тутун кој во овој момент, но на еден начин не ги штити правата и интересите на тутунарите.

Со почит НЗМ

Поврзани новости

Back to top button