fbpx
Вести

Над 100 пасишта ќе се поткрепат со 1,2 милиони евра

Ќе се инвестираат 1,2 милиони евра за подобрување на инфраструктурата на 100 пасишта во државата. Стартува и нова мерка на поддршка за набавка на опрема во пчеларството во висина од 50% од инвестицијата на пчеларите, а продолжува и поддршката за сточарите за набавка на висококвалитетни грла добиток во износ од 50% од инвестицијата.

nad 100 pasishta kje se potkrepat so 1,2 milioni evra

 

Ова се само дел од мерките за финансиска поддршка за сточарите и пчеларите кои се финансираат преку програмата за рурален развој за оваа година.И оваа година продолжува финансиската поддршка за сточарите кои ќе набават висикоквалитетни грла на добиток а за кои ќе им бидат финансирани 50% од вкупната инвестиција.

Паралелно со оваа поддршка сериозни инвестиции оваа година се предвидуваат и во подобрување на инфраструктурата на 100 пасишта во државата за што ќе бидат инвестирани над 1,2 милиони евра. Станува збор за проект кој е од исклучителна важност за сточарите.

Годинава се излегува во пресрет и на барањата на пчеларите. Покрај мерката кој се реализира за набавка на пчелни матици од оваа година пчеларите ќе можат да набавуваат и опрема за пчеларство преку програмата за рурален развој, при што ќе им бидат кофинансирани 50% од трошоците за набавка на опремата.

Предвидено е огласот за оваа мерка да биде распишан од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close