fbpx
Вести

Над 240 хектари ќе бидат засеани во Дебар и Центар Жупа

Пролетната сеидба во подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа се одвива според предвидената динамика.

Според Арбен Муладаути, вршител на должноста раководител на дебарската подрачна единица на МЗШВ, вели дека со пролетни култури ќе бидат засеани над 240 хектари.

1365060744_27274_1

– Најголема површина или околу 180 хектари ќе бидат засеани со житни култури,од кои 150 со пченка и 30 хектари со пролетен јачмен. Што се однесува до пролетниот јачмен, сеидбата веќе е завршена. На останатите планирани површини ќе се најдат фуражните и градинарските култури. Кај фуражните култури, луцерката и овесот, до сега сеидбата е завршена со околу 40 насто, додава Муладаути.

Со подобрувањето на временските услови сеидбените работи добија во интензитет, додава тој, оценувајќи дека пролетната сеидба ќе заврши во оптималниот рок и поради фактот дека земјоделците располагаат со сета потребна механизација,квалитен семенски материја и ѓубрива.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close