вести

Зошто да преминам во органски поризводител

(Oвој напис е објавен на: март 4, 2017)

zoshto da preminam vo organski proizvoditel

Федерацијата на фармерите на Република Македонија преку проектот „Институционална поддршка на ФФРМ“, поддржан од WE Effect заедно со Проектот ИМЕ (Increasing Market Employabolity – IME) организира  обука за органско производство на која гости беа претставници од Агро Центар за едукација и Балкан Биосерт. Настанот се одржа во Швајцарскиот контакт центар во Скопје, а истиот беше наменет за членовите на Мрежата на жени фармери – МЖФ при ФФРМ. Гости говорници и предавачи на работилницата беа: Љупчо Тошев од Фондација Агроцентар, Габриела Митриќеска Мицевска од ИМЕ, Валентина Колар-Јовановска од од Балкан Биосерти Иван Стојанов. Настанот започна со краток состанок на жените фармери на кој тие ги координираа активностите на МЖФ, а по воведот во органското производство се дискутираше поконкретно за прашањето  „Зошто да преминам во органски производител?“ итн. Со конкретни примери беше објаснето кои се факторите кои влијаат на органското производство и како се планира конверзијата од конвенционален во органски производител. Жените фармери од разни краеви на Македонија добија повеќе информации за тоа кои се финансиските импликации од органското производство и кои се сите придобивки за нив како земјоделци.

 

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Back to top button
Close