fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Над 300 хектари земјоделски култури изгореа во пожарите во штипско

Само во општина Карбинци се проценува дека направена е штета од 50.000 евра на житарици, кои изгореа во пожарите

Над 300 хекатри, жито, лозови и овошни насади и други земјоделски култури пеплосаа во пожарите во штипскиот и кочанскиот регион. Пожарникарите по неколку пати во денот излегуваат на терен, по дојави на запалена сува треба и стрништа.

Само во општина Карбинци се проценува дека направена е штета од 50.000 евра на житарици, кои изгореа во пожарите, пред три дена, а проценка на другите култури се уште не е направена. И во кочанско вчера пожарникарите гаснеа житарици и лозови насади.

Пожарите зачестија на истокот по стартот на жетвата на јачменот,  одредени земјоделци никако да ги напушат старите навики за палење на стрништата. Според државниот земјоделски инспекторат во Кочани има само еден инспектор, а досега се изречени 29 казни и поднесени се две прекршочни пријави. Од Државниот инспекторат за земјоделство велат дека казните се мали, потребен е мултисекторски пристап и соработка со општините.https://telma.com.mk/2021/07/05/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close