Земјоделците бараат исплата на субвенции

(Oвој напис е објавен на: March 8, 2017)

zemjodelci

Земјоделците го плаќаат цехот заради немање Влада од последните избори . Ја почнаа новата производствена сезона но  субвенциите од минатата година не им се исплатени. Ристо Велков тврди дека дури 80 отсто од фармерите не ги добиле субвенциите што е апсурд бидејеќи законот налага истите да се исплатат во тековната година.

Од синдикатот на земјоделци велат дека државата со недомаќинското планирање ги остави на цедило фармерите. Ако имало пари за секакви тендери , власта требало да мисли и на земјоделците.

Се додека нема Влада, платежната агенција нема да врши исплата на планираните средства бидејќи законот за избори  не дозволува. Министерот Михаил Цветков најави измени на законот за избори и со конституирање Собрание да се откочи исплатата на субвециите.

Според последните информаци  приближно 60 милиони евра стојат неисплатени на име субвенции кои земјоделците ги очекуваат со нетрпение.


 

24 вести

Share Button