fbpx
ВестиВино

Над 350 видови вино на „Винодонија 2017“

Преку 350 видови вино од 40 македонски и винарии од регионот, Италија, Франција, ќе може да се дегустираат на вториот Скопски вински салон – „Винодонија 2017“ што ќе се одржува на 1-ви и 2-ри декември во хотелот „Мериот“.

Настанот го организира група вински консултанти, судии и ентузијасти под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија, а покрај дегустации на вино, предвидува и дегустација на најразлични домашни и увозни сирења и сувомесни производи, како и десет едукативни работилници: за македонската автохтона станушина и за темјаниката, за вината од Хрватска, за разликите меѓу македонските и црногорските вина, за винскиот пат во Бугарија.

Ќе се комбинираат специјалитети од Дубровник со македонски вина, а најавено е и учество на гастро-изложувачи и на претставници од Слоу фуд Македонија кои на посебни штандови ќе понудат наша, традиционална храна.

– Целта на настанот е да придонесеме за развој на винската култура во земјава и пошироко, да фатиме чекор со современите трендови, регионалните и случувањата во Европа преку носење винарии со различна големина, капацитет, филозофија, стил, приказни, портфорлио, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Здружението на сомелиери на Република Македонија Александар Вучковски.

Според него, само со дегустација и запознавање различни вински сорти, можеме да ја развивавме винската култура, а не со постојано консумирање исти видови вино.

На прес-конференцијата беа и другите организатори, Звонко Херцег, вински експерт, и Ивана Симјановска, вински писател и интернационален вински судија.

Винодонија 2017 официјално ќе почне во петок од 13 до 16 часот кога ќе има и директни средби на претставниците од винариите. За јавноста, пак, настанот ќе биде отворен од 16 до 20 часот во петок и во сабота од 13 до 20 часот. Еднодневните влезници чинат 490 денари, што вклучува подарок – чаша и неограничено дегустирање, додека билетите за работилниците се со различни цени, од 600 до 1.800 денари

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close