fbpx
Вести

Над милион евра штета направи мразот во штипско

visni

Над милион евра штета направи мразот на штипска „Фруктана“. Ова се привичните проценки на самиот старт на бербата на вишните на плантажите во штипско.

Годинава овде ќе се набере најмногу 20 отсто од родот, зашто останатото е уништено од мразот, со што производството за разлика од лани, драстично се намалува.

– Очекувањата се дека годинава целокупното производство од суровината којашто сами ја произведуваме, ќе се движи до 200 тони, за разлика од минатите години, кога беше 1.200 тони – кажа Младен Митев, сопственик на „Фруктана“.

Недостатокот од суровина за производство, „Фруктана“ годинава ќе го надополни со откуп на вишни од струмичкиот регион. Планот е од таму да се обезбедат околу 600 тони вишна, но по неколкукратно повисоки цени.

– Минатата година килограм вишна се откупуваше за 18 денари килограм, а годинава првокласна вишна се откупува по 50 денари – рече Митев.

Ваквите промени во цената на вишната, најветојатно ќе остават негативни последици.

– Постои сомнеж дека високите цени ќе се одразат негативно на продажбата и на довербата којашто ја имавме досега кај нашите долгогодишни купувачи – истакна Митев.

Дека годинава ќе биде тешка и за производителите и за преработувачите на вишна е веќе јасно. Сега тие се свртени кон државата, од каде очекуваат брзо обештетување, за да нема посериозни последици по нивната работа.


 

новамакедонија

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close