Агро бизнисВестиТоп вести
Нагло заладување – Снег паѓа на повеќе места
Поради продор на ладен воздух од север во Македонија врнежите од снег и снежната покривка полека се прошируваат особено во западните предели
Поради продор на ладен воздух од север во Македонија врнежите од снег и снежната покривка полека се прошируваат особено во западните предели, а снежната граница полека се спушта па така во следните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег на повеќе места во Македонија. Особено во западните предели ќе се формира снежна покривка, поголема на повисоките населени и планински места и тоа со висина од 10 до 15 сантиметри, локално до околу па и над 20 сантиметри.
Послаби врнежи од снег ќе има и во Скопје и околината проследени со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Повеќе за прогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.




