fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Се основаше конвивиум  Slow food -Прилеп

Се основаше конвивиум  Slow food -Прилеп

СЛОУ ФУД-ПРИЛЕП е новиот конвивиум кој се придружи на големото семејство Слоу фуд. На Основачкото  Собрание на Конвивиумот  Тодорка Наумоска-Димески,  дипломиран нутриционист од Прилеп е избрана на чело на оваа Слоу фуд група.

Со ова и Прилеп стана дел од светското движење во кое се вклучени 160 држави во светот со вкупно 100.00  членови. Станува збор за еко-гастрономско движење, започнато во 1986 година како протест против брзата храна. Во Slow food  Прилеп  веќе членуваат производители на храна од растително и животинско потекло, агрономи, нутриционисти, наставници, економисти, информатичари, научниции  луѓе со различни професионални профили кои  ќе придонесуваат во  развојот  и исполнувањето  на мисијата на Slow food да се обезбеди добра, чиста и правична храна.

Slow food -Прилеп е член на Националната организација Slow food Македонија која е основана во 2018 година,  наскоро се очекува основање на конвивиумите во Охрид и Преспа.

Целите на Slow food  се да ги претстави пред купувачите малите производители, да воспостави контакт меѓу нив, на купувачите да им се овозможи да купуваат еколошки здрава и корисна храна, произведена врз основа на древните земјоделски знаења кои ја вклучуваат љубовта кон земјата и хуманиот  однос кон растенијата и животната средина воопшто. Од друга страна со саемите и презентациите локалните производители добиваат можност за претставување на своите уникатни, автентични производи што се белег на локалната средина, информираат од Slow Food  Прилеп.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close