fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Награди за 25 жени менаџерки за континуирано успешно менаџирање и справување со ковид-кризата

Избрани се претставнички на приватниот бизнис од различни области и дејности од целата држава од мали, средни, но и од големи компании

Избор на најуспешни жени менаџерки ќе се одржи вечерва 25-ти пат во организација на Агенцијата Марили, којшто ќе биде посветен на 25 жени менаџери кои биле дел од досегашните избори во иминатиот четврт век, а овојпат ќе бидат наградени за нивното континуирано успешно менаџирање, како и успешно справување во услови на ковид-криза.

Избрани се претставнички на приватниот бизнис од различни области и дејности од целата држава од мали, средни, но и од големи компании, се со цел да се покаже дека жената менаџер е присутна во сите дејности и на сите нивоа и дека е длабоко втемелена во економскиот развој на државата. Најголем дел од овие компании во оваа и минатата година издвојуваа средства и ресурси за помош на здравствени установи и социјално загрозени граѓани, со што дадоа свој придонес за полесно надминување на последиците од пандемијата.

Менаџерките ќе бидат наградени со мермерни статуетки „Жена водилка“, дело на академскиот вајар Никола Смилков, изработени во Мермерен Комбинат Прилеп.

Покрај овие 25, ќе бидат наградени уште четири жени од други областа кои се успешни и докажани професионалци во својата дејност и се вистински бренд во нашата држава, но и надвор од неа.

Покрај 25-годишнината на Изборот, „Марили“ ќе одбележи и 25 години од издавањето на првиот број Бизнис каталогот.

Воведниот дел на каталогот е посветен на 30-годишнината од независноста на нашата земја со наслов: „Три децении самостојна држава – некогаш вековен идеал, денес аманет за идните генерации“. Во него се забележани историски датуми од воспоставувањето на самостојноста и државноста, важни културни и археолошки податоци за нашата самобитност и идентитет, како и податоци за писменоста, фолклорот и обичаите, сето она што нѐ идентификува како посебен народ и култура на европската територија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close