fbpx
Вести

Производството и пласманот на ајварка и јабучар не се загрозени

Нема ограничувања на производството и на пласманот на ајварката и на домашните сорти домати во странство. Европската унија донесе правилници за трговија и производство на традиционалните земјоделски култури, но само за оние кои потекнуваат од нејзините земји членки, а не и за македонските.

proizvodstvoto i plasmanot na ajvarka i jabuchar ne se zagrozeni

 

Пиперката ајварка и доматот јабучар се традиционални домашни сорти кои и натаму ќе се одгледуваат и ќе се продаваат во нашата земја.

Европската Унија донесе директиви за трговијата и производството на европските традиционални сорти кои ќе се продаваат само на нивните локални пазари. Овие прописи не важат за македонските земјоделци и нивната примена не го загрозува нашето производството и пласманот. Причините се практични, велат експертите.

Домашната ајварка и јабучарот и реално не можат и не се извезуваат од причина што локалното население со генерации ги произведува на мали површини во само кај нас специфични климатски услови.

Исто така поради нивниот скромен род и не можноста да издржат долг транспорт не се продават во странство туку исклучиво на локалните пазари во Македонија или како суровина за преработувачката индустрија.

Нивниот пласман не е загрозен бидејќи доматите и пиперките што Македонија ги извезува се произведуваат само од европски сертифицирани семења, а ајварката и јабучарот се од македонски афтохтон семенски материјал.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close