fbpx
ВестиТоп вести

Најчесто труење е од бајата салама или старо месо

Труење со храна предизвикано од високите надворешни температури, според лекарите, засега нема, но предупредуваат луѓето да ги почитуваат општите превентивни мерки за да не се случи да си ја влошат здравствената состојба од расипано јадење.

najchesto truenje e od bajata salama ili staro meso

 

“Последниве дваесетина дена нема зголемен број случаи на пациенти со труење со храна туку тој број е вообичаен, независно од високите надворешни температури. За дваесет дена имаме 15 пациенти со симптоми на труење со храна, што не е ниту еден пациент дневно. Овие поединечни случаи не се поврзани, односно не е поголема бројка на пациенти од одредена институција или од некој ресторан или сендвичарница. Најчесто се пациенти што јаделе застоени салама или месо”, вели д-р Жаклина Шопова, инфектолог од Клиниката за инфективни болести.

Првичните симптоми кои укажуваат на труење со храна се мачнина, повраќање, пролив, а во подоцнежната фаза и зголемена телесна температура.

“При потешките форми на труење со храна се јавуваат дехидрација, поспаност и малаксаност, кога пациентот, практично, не може да стане од кревет. Во вакви случаи пациентите треба да се обратат кај нивниот матичен лекар кој, врз база на степенот на дехидратација, може да им даде соодветна терапија и да ги советува да се лекуваат дома или, пак, да ги упати во болница”, вели д-р Шопова.

Таа објаснува дека пациентите со полесна клиничка слика, односно оние што не изгубиле многу телесни течности ги третираат амбулантски, а оние со поголем степен на дехидрирање ги задржуваат на болничко лекување. Проблеми на дигестивниот систем еднакво можат да направат и вируси и бактерии, а најчести бактерии кои луѓето може да ги внесат со расипана храна се салмонела, ешерихија коли и стафилококи. (Е.А.)

Одбегнувајте сувомесни производи, мајонези и кремови

“Јајца, сувомесни производи, месни производи, мајонези и разни кремови во овој период треба да се избегнуваат, особено ако се чуваат во несоодветни услови, односно на собна температура. При подготвување храна, задолжително да се внимава на хигиената, да се мијат раце, овошјето и зеленчукот убаво да се измијат, и треба да се јаде свежо зготвена и добро термички обработена храна. Во периоди на големи жештини да се внесуваат доволно течности, вода и природни сокови, а да се избегнуваат алкохолни и газирани пијалаци”, вели д-р Шопова.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close