вестиЕкологијаТоп вести

Еколошка катастрофа предизвикана од пластична амбалажа на брегот на Охридското Езеро

Нуркачот Паскали вели дека како резулатат на несовесните граѓани се уништува овој редок природен ресурс.

Шишиња ,кеси,најразлична пластична амбалажа и цврст отпад ваква е сликата на крајезерската населба Љубаништа на самиот брег на Охридското езеро.Отпадот според надлежните е донесен од реката Черава која од соседна Албанија се влева во езерото а бранот и бурното време го исфрли на самиот брег. Граѓаните предупредуваат дека оваа појава ја има на целиот брег и предупредуваат доколку навремено не се исчисти отпадот ќе заврши во езерото.

Од ЈП Охридски Комуналец велат дека на терен има екипа која го расчистува овој дел досега собрани биле 150 вреќи со најразличен отпад.

Нуркачот Паскали вели дека како резулатат на несовесните граѓани се уништува овој редок природен ресурс.

Наспроти оваа глетка пак денеска во дворот на ОУ Димитар Миладинов беа засадени дрвца со што и официјално беше одбележан почетокот на проектот Иднина без пластика што го финансира министерството за надворешни работи на Бугарија во рамки на Бугарската оперативна програма за развој.

Извор:Сител

Слични написи

Back to top button
Close