fbpx
ВестиВкусот на традицијата

Најдобро сирење во светот за 2017-та година

Можеби не сте знаеле, но во светот има натпреварување и за најдобро сирење. Изборот се случува секоја година, а оваа честа да биде домаќин на World Cheese Awards 2017 ја имаше Лондон.

Судии од повеќе светски земји составени од 230 производители, купувачи, продавачи и автори на статии за квалитетот на сирењата во светот, можеа да вкусат, а потоа и да оценат над 3000 најразлични видови на сирења од целиот свет.

Најдобри оценки од сите пријавени доби сирењето „Cornish Kern“ кое собра 75 поени од максимални 80 во бодувањето. Станува збор за средно цврсто сирење дефинирано како „цврсто при сечење, но малку трошливо, маслено со длабок пријатен мирис“.

Сирењето е дело на „Lynher Dairies Cheese Company“ и потребни се 16 месеци за да може вкусот на сирењето да се доразвие.

Во листата на три најдобри светски сирења за оваа година се најдоа и „Italian Blu Di Bufala“ на италианската компанија Quattro Portoni Caseificio, како и сирењето „Capellaro“ на австриската компанија Almenland Stollenkaese.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close