fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Се додека немаме поларни температури почвата не страда и покрај тоа што не е прекриена со снежна покривка 

Се додека немаме поларни температури почвата не страда и покрај тоа што не е прекриена со снежна покривка     

 

Се додека немаме поларни температури почвата ќе биде заштитена, и покрај тоа што во овој зимски период таа не е прекриена со снежна покривка, велат познавачите на приликите.

Немањето на доволно снег може да има само негативно влијание врз влажноста на почвата, која е потребна особено кај одредени земјоделски култури

-Се на се земјоделието во овој период е во фаза на мирување, тоа не страда од оваа временска ситуација. Но, морам да истакна дека може да дојде до тоа, самите штетни организми да не угинат поради ниските температури. Тие се наоѓаат во корите на растението, а кога имаме ниски температури тие се уништуваат, а сега поради потоплото време тој процес го немаме. Сега самите земјоделци треба да ја пратат ситуацијата и ако имаме поголеми температури може да се испрскаат дрвата односно овошките со претежно бакарните препарати, за да се уништат сите патогени кои престојуваат претежно во кората на растенијата, истакна Петре Петреси раководител на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделието подрачна канцеларија Тетово .

Од Агенцијата се надеваат дека температурите нема да паднат многу под нулата, кога во услови на немање снег можат да наштетат на полјоделските култури.

-Може да се наштети, ако имаме многу премногу ниски температури, затоа што на пример ржта и тритикале издржуваат температури и до – 20 степени, јачменот е малку поосетлив и овесот, но и тие до -10 и – 15 издржуваат и не ни се верува дека дотолку ќе паднат температурите, за да се уништат овие житни култури, додадоа од агенцијата.

.

        Кога земјоделието мирува земјоделците не треба да мируваат

 

Сега народски кажано земјоделието мирува, но земјоделската дејност не треба да мирува. Овој период е добар за овоштарите   

-Овоштарите треба да извршат резидба на овошките, да ги остранат сите оштетени болни гранки, да извршат кроење.Кај другите земјоделски стопанства како житните култури треба да се подготви механизацијата, да се снабдат со ѓубриња кои се потребни.  Земјоделците на пример користат финансиска подршка од ИПАРД програмата и овој период до 15 март треба да  извршат ажурирање на податоците, дека често забораваат да ги проверат тие податоци и кога имаме контрола се наидува на несовпаѓање на податоците кај регистарот и тоа што е на терен. И кај живата стока ако имаме продадено некое грло или заклано тогаш треба тоа да се пријави.Ако имаме ваква ситуација, односно ако не се ажурираат податоците, тогаш земјоделците се казнуваат на една или четири години, а тогаш се губат доста пари затоа што ненавремено ги ажурирале податоците, велат од Агенцијата за потик и развој на земјоделието подрачно одделение Тетово.

Оттаму  ги повикуваат земјоделците да се информираат кај нив околу повиците и конкурсите особено за новиот конкурс кој го објави министерот за земјоделие за млади земјоделци, каде што има заинтерисираност и грантот е зголемен од 10 000 на 20 000 евра.

На самиот конкурс може секој млад член може да инвестира во развој на земјоделско стопанство, за да ја добие финансиската помош.

Годинава на овој конкурс има промена во бодирањето, а земјоделците можат да добијат додатна вредност ако својот производ го преработат и го продадат за што има посебни правилници.

Во периодов што следи се очекува да се објави мерката 1 од ИПАРД програмата за модернизација на земјоделските стопанства. Оваа мерка е особено погодна за младите и жените кои добиваат поголема финансика подршка од оваа мерка, која може да достигне и до 75 % од инвестираното.  

Зоран Димовски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close