fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Најеколошки производи за домаќинството се изработуваат од дрво зеленика

 

Жедан е името на планината која се простира по должината на селата од Општина Јегуновце. Самото име кажува дека на планината нема вода, а со тоа и доволно вегетација и плодови. Но тоа што го има мештаните нашле решение да го искористат дрвото зеленика.

Симе Димовски од тетовско Туденце веќе 8 година произведува разновиден прибор за домаќинство музички инструменти и разни предмети. Вели дека дрвото зеленика е најквалитетно дрво за правење на рачни предмети кои нема потреба да се лакираат, а издржуваат со децении за разлика од производите од буково и дабово дрво.

Димовски вели дека идејата за овој занает е негова го научил сам, претходно имал само познавање од браварство. Жеден е преполна со зеленика, на само неколку чекори ми е планината и зелениката која е бесплатна и ја има во изобилство зошто да не се искористи потенцира тој.

-Лично сам сум го научил овој занает, и алатот сам сум го изработил. Само од зеленика правам предмети дека тоа е коска дрво не е заменливо не од бука или од некое друго дрво, а тука е во Жедан го имам. Јас не ги лакирам тие се природни. 8 години поминаа откако ги направив првите предмети се истата лажица седи, ова ми е хоби и не ги продавам ги работам попладне кога ќе дојдам од работа. За ајвар на пример мешање правам лажица за половина час. Зависи од зелениката од една зеленика може да се направи 2 , 3 па дури и 5 прибори. Најпрвин ја сушам зелениката три години дека ако не ја исушам таа се витка а кога е суво. Алатот ми е за гребење од лагери го правам конусни лагери, и целиот процес преку гребење и стружење.

Овие се еколошки незаменливи производи. Стари занаети нема, еден од Седларево има и толку овој занает што го работам. Јас не ги продавам подарок ги давам. Со овој занает не сакаа да се занимаваат децата и не можам да го пренесам. И  ова ме чини задоволен што го работам, што се вика народски, мозокот го одмора, вели Симе Димовски.

Симе Димовски е меѓу ретките кои нашле начин да ја искористат планината и да го продолжи овој стар занает за производство на еколошки прозиводи. Освен него има уште еден жител од тетовско Седларево кој произведува производи од зеленика

Вели дека ќе продолжи да изработува вакви производи, затоа што го смируваат и целиот процес на производство го прават задоволен. Тој можеби ќе остане последен во ова поднебје кој изработува вакви производи, затоа што ниту неговите деца ниту пријателите и роднините не изразуваат желба за овој стар занает, кој е во изумирање.

З.Т.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close