Од минатото лето до денес околу сто и дваесеттина земјоделци инвестираа во нов John Deere трактор. Интересот за „зелениот џин“ не стивнува ни сега, кога светот застана, а најголем дел од човештвото е во карантин.
Што е тоа што ги натера овие земјоделци да купат John Deere, трактор – поим за квалитет и иновација и сон на многу фармери?
Одговорот кој го добивме од земјоделците е различен:
- неверојатно поволна цена
- отплата на 60 рати
- не мора да се уплати учество
- речиси една година грејс период
- можнот за три години гаранција
- John Deere си е John Deere !
- Сонувам за John Deere од детството!
Но, на сите нив најважното е НАЈНИСКАТА МОЖНА КАМАТА – САМО 2,9 %.
- Зошто само во СИНПЕКС и само за тракторите John Deere се нудат овие најповолни услови?
John Deere е огромна компанија која на прво место го поставува задоволството на својот клиент. Не е важно колкав земјоделец е и со колку земја. John Deere има решение за секого. Од таа причина, а со заедничка цел, ДА ЈА ПОЗЕЛЕНИМЕ МАКЕДОНИЈА, Синпекс заедно со John Deere и со John Deere Financial најде пратнер во Прокредит банка и започна една голема кампања на задоволство на сите инволвирани страни, ни одговори Александар Зулумовски, референт за продажба во Синпекс ДОО- Битола.
-Иако е кризна ситуација, сепак има голем интерес кај земјоделците за набавка на машини на рати. 90% од клиентите купуваат на рати со кредит. Прокредит банка одобрува кредити на 5 години со грејс период на плаќање од 1 година. Плаќањето може да го прават по нивна желба и тоа месечно, квартално, полугодишно и годишно како што ним им одговара. Исто така може да биде со или без учество, а првата рата може да ја платат по една година. Токму заради поволните услови кои се адаптираат врз желбата и можностите на клиентите постои голем интерес. Во денот, во просек пополнуваме од 5-6 апликации, вели Константин Ташковски од одделот за продажба во Синпекс- Битола.
Самата процедура околу средувањето и поднесувањето на апликација за кредит е едноставна, предодобрувањето е за 24 часа, а до преземањето на тракторот поминуваат најмногу 2 недели.
-Кога ќе дојде заинтересиран клиент прво им кажуваме кои документи им се потребни. Пополнуваме апликации за физички и правни лица. Не се потребни голем број на документи и истите се вадат за два до три дена. Физичките лица потребно е да обезбедат:
-Околу 50% од апликантите се на возраст од 35 – 45 години, но има и добар процент на млади земјоделци на возраст од 20-25 години. Успеваме да ги услужиме сите клиенти. Го даваме нашиот максимум да им помогнеме во нивниот избор и од тука да заминат задоволни, вели Александар Зулумовски.
-При предавањето на тракторот добивате и посебна обука со упатства и совети што треба да ги знаете за управување со механизацијата, велат од одделот за продажба во Синпекс-Битола.
Како до кредит? Каква е процедурата?
- Наједноставна ! Само јавете се на нашите телефони 047 208 500 или на мобилните броеви 078 328 340, 075 224 679 .
Другото е наша обврска !
Ве очекуваме !
Како до кредит за John Deere трактор ?
- Одберете го својот модел на ——-
- Или контактирајте не на ——
- Ние ќе Ви ја пополниме апликацијата
- Прокредит ќе Ве предодобри ако сте кредитно способни
- Вие ќе ни ја пратите оваа документација
Физички лица:
-копија од лична карта
-извод од трансакциска сметка за 1 година наназад,
-имотен лист или договор за закуп на земја
-извештај за добиточен фонд од Ветеринарна станица (доколку располагаат со стока).
Правните лица плус уште овие документи
-тековна состојба на фирмата и
-завршна сметка.
- После исплатата од Прокредит банка повелете по Вашиот трактор
- Уживајте во работењето, остварувајте резултати и не се секирајте имате една година до првата рата.
П.Ј.