fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

НАЈНОВА ВЕСТ -Хоџа ќе бара измена на Законот за тутун, откупот да трае до 31 март

Од средбата во Скопје- До денес се откупени 21 милиони килограми тутун со просечна цена од 165.3 денари.

Министерот за земјоделие Арјанит Хоџа утре на владина седница ќе поднесе иницијатива за измена на Законот за тутун , со тоа што да се пролонгира крајниот рок за откуп на тутунот до крајот на март со цел да се откупи целиот тутун. Со ова Хоџа сака да даде можност целиот вишок на тутун да се откупи на раат, ова меѓу другото е постигнато на денешната средба на министерот со откупувачите, Иницијативниот одбор и Сојузот на тутунарски здруженија што се одржа во Скопје.

Најголеми проблеми со вишокот на тутун има во Општина Долнени, досега вкупно се откупени 21 милиони килограми тутун , а заклучно со утрешниот ден проценката е дека ќе бидат откупени 98 проценти од договорениот тутун. Ова би требало да подразбира дека до крајот на оваа недела ќе заврши откупот на договорениот тутун. По ова ќе се отпочне со откуп на вишокот на тутун.

Од Иницијативниот одбор на средбата апелираат до сите откупувачи да поделат амабалажа бидејќи за вишокот на тутун тутунарите имаа проблеми со амбалажата. Од ИО сметаат дека нема вишок на тутун туку дека тоа е „вештачки“ вишок на тутун бидејќи откупувачите годинава ги скратиле договорените количини на тутун.

Просечната цена до овој момент е 165,3 денари од килограм.

Според Хоџа за тутунарите веќе е предвидена помош од 5 милиони евра , но по откупот на тутунот ќе се одлучи по кој модел ќе оди распределбата, дали за сите тутунари подеднакво или друга варијатна, како доплата на разлика.

Од ИО на средбата кажаа дека ќе бараат да се откупи целиот тутун, а 5 милиони евра од Владата да се распредели линеарно на  сите тутунари. За доплатата на разликата да се најдат други средства.

Тим на Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close