fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Најнова вест-Откупени се 2,3 милиони килограми тутун со просечна цена од 167 денари, објави МЗШВ

Министерството за земјоделство со дневни информаци за текот на откупот на тутунот

Министерството за земјоделство излезе со дневни информаци за текот на откупот на тутунот. Досега се откупени над 2,3 милиони килограми тутун, по просечна цена од 167 денари. Министерот Арјанит Хоџа вети дека на дневна основа ќе објавува колку тутун е откупен и од која сорта, како и најважното по која просечна цена.

Министерот Хоџа претходно објави дека во моментот кога откупот ќе достигне  75% од вкупната количина, ќе се одржи заеднички состанок на кој ќе се договори решение за откуп на вишокот тутун, за кој првично има согласност од откупните компании дека ќе биде откупен.

Информациите се објави на ФБ страната на Министерството за земјоделство на македонски и албански јазик.

А.Б

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close