Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови
Најниска температура во земјава изутринава е измерена во Берово -3, на Попова Шапка -2 и во Дебар -1, нула во Скопје-Петровец, Битола, Претор, Охрид, Тетово, Крива Паланка, Струмица. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални шест степени се измерени во Дојран, соопшти УХМР.

Во Маврови Анови наврна најмногу снег, 28 сантиметри, на Попова Шапка снежната покривка е 27, а во Крушево пет сантиметри.
Наутро во централните делови и вдолж Повардарието ќе биде умерено до значително облачно. Во текот на претпладнето облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 12 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време со повисоки дневни температури. Од недела облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник претпладне, кога поради заладувањето, врнежите ќе бидат од снег и на некои повисоки места, а ќе дува засилен северен ветер.
.