Најубавите села се пустат-Останаа само старци да го крепат товарот на новото време
Маловиште-Најубавото село во Потпелистерието
Маловиште (познато и како Маловишта) — село во Општина Битола, на 20-ина километри од градот. Тоа е планинско село, на подножјето на Баба Планина и е единствената населба во границите на Националниот парк Пелистер.
фото Ивона Кочов
Маловишта е специфично село, со интересна, автентична архитектура. Селото има убави, големи куќи градени од камен, на традиционален начин. Белег на старата архитектура се сочуваните стари калдрмисани улички, камените мостови и изгледот на мала градска населба. Во центарот на селото се издигнува црквата Св. Петка, со својот сочуван фрескоживопис, како и извонредниот дрвен иконостас изработен во длабока резба. Црквата Св. Петка, е изградена во 1856 година. Во центарот има јавен објект каде што е поставена изложба за традиционалната култура на селото. Во Маловишта нема угостителски објект, но со претходна најава, месните жители можат да организираат ручек во самото село, и тоа познати влашки специјалитети, како на пример влашката пита, јагне печено во фурна и други традиционални локални јадења.
Маловишта датира уште од античко доба, од четвртиот век во нашата ера на локацијата Попова Нива на два и пол километри од сегашната, а за денешната локација се знае од XVI век наваму. Во XIX век, селото имало над 2.000 жители и било центар во кој се доселувале Власите од Москополе, од Грамос и од Епир. Во тој период, во селото имало две грчки и две романски училишта, а речиси секој жител зборувал по два-три јазика. Со миграционите движења и војните и Маловишта ја доживеало судбината на сите села. Богатите Власи, кои главно биле трговци, се преселиле во богатите балкански метрополи, а селото се испразнило. Но, во последните 10 години, благодарение на силното влашко лоби, тоа пак се обновува.
Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, Маловиште е големо село со 2.300 жители, Власи. Според последниот попис од 2002 година, Маловиште има 98 жители и тоа, 10-Македонци, 1 – Аалбанец и 87- Власи, и селото сее смета за мала населба.
Културни знаменитости
фото Ивона Кочов
Црква „Св. Петка“ – главната селска црква, изградена во 1856 година на темели од постара црква;
Црква „Св. Ана“ – главна црква на истоимениот манастир, на надморска висина од 1.400 метри, позната по светата вода;
Црква „Вознесение Христово“ или „Св. Спас“ – се наоѓа на 2000 м.н.в, под врвот наречен Пирамида;
Црква „Св. Ѓорѓи“ – се наоѓа на северната страна од приодот кон селото;
Црква „Св. Атанасиј Велики“ – мала црквичка. Се наоѓа јужно од последната куќа во селото.
https://park-pelister.com/activity/%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B5/