fbpx
Вести

ДЗС: Намалување на шумските производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2018 година, во однос на второто тримесечје од 2017 година, е намалено за 0.1%.
Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни и листопадни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни видови, огревното дрво од листопадни видови и кај другото грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки и колци, соопштуваат од Државниот завод за статистика.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close