fbpx
Вести

Највкусната работа: Ferrero бара дегустатори на чоколада!

Италијанскиот чоколаден гигант „Ferrero Group“ бара 40 дегустатори.

Нивната работа ќе биде да ги пробуваат суровините од кои се произведува светски познатиот течно чоколадо на компанијата – „Nutella“, како и други чоколадни производи.

Досега тоа се прави од страна на вработените на „Ferrero“, но од компанијата решиле овој пат да ја доверат оваа задача на обични луѓе кои немаат ништо заедничко со производството на чоколадо.

Тие ќе треба да пробаат какао, прав од лешник и други полу-готови производи од кои се прави течната магија.

60 кандидати-дегустатори ќе бидат обучени во бесплатен тримесечен курс за обука, почнувајќи од септември.

Тие треба да научат да ги искажуваат своите впечатоци додека ги дегустираат и тренираат своите сетила.

Од нив, 40 луѓе ќе бидат избрани за да добијат договор со компанијата, гарантирајќи им 4 часа работа неделно.

Нивното работно место ќе биде во градот Алба, каде што се наоѓа седиштето на „Ferrero“ во северна Италија.

„Ferrero Group“ е третиот по големина производител на чоколади во светот. Компанијата има 22 производни капацитети и над 30.000 вработени.


 

денар

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close