fbpx
Вести

Намален родот на модри сливи во Малеш и Пијанец

Годинашниот род на модри сливи во регионот на Малеш и Пијанец е намален поради пролетните мразеви кои предизвикаа измрзнување на плодовите и овошките на некои насади и од 70 до 100 проценти.

Од подрачните единици на Министерството за земјоделство во Берово и Делчево информираат дека помали оштетувања се евидентирани на насадите коишто се наоѓаат во повисоките региони.

namalen rodot na modri slivi vo malesh i pijanec

 

Од комбинатот „Малеш бреза“ од Берово велат дека од очекуваните две илјади тони сливи во Малешевијата, ќе се наберат само 200 тони.

– Оваа година во Малешевијата може да се каже дека нема сливи. Температурите во април, кога беше формиран плодот, паднаа до -7 степени, така што останаа сливи само на повисоките региони. Нашиот комбинат кој има насади со сливи на 60 хектари, наместо очекуваните 300 тони, нема да набереме ниту три килограми, изјави Гоце Дочински од комбинатот „Малеш бреза“, додавајќи дека трпат загуби од 200 илјади евра.

Според него, цената на сливите годинава е ниска и се движи од 5 денари за килограм за индустрија до 7 денари за килограм прва класа.

Од комбинатот „Рудине“ во Делчево посочуваат дека годинава цената на сливите е ниска бидејќи пласманот на европскиот пазар оди тешко што резултира со ниска откупна цена.
Во регионот на Малешевијата и Пијанец годишно се произведуваат над четири илјади тони сливи, но годинава се очекуваат околу 1000 тони.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close