fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Струмичко намалени површините засеани со тутун

За околу 30 отсто во споредба со лани

За околу 30 отсто во споредба со лани се намалени површините засеани со тутун во Струмичко. Според тутунарите, тоа се должи на несигурниот откуп и намалените откупни цени, а лани и годинава во неколку наврати тутунопроизводителите протестираа незадоволни од проценката на тутунот.

-Покрај тоа, има и недоверба од тутунарите при склучувањето на договорите, бидејќи сакаа да произведат повеќе, а некои не успеаја навреме да произведат расад. Според моите сознанија, на површините на кои ќе нема тутун, земјоделците насадија полјоделски и градинарски култури, рече Марјан Трајков, претседател на Здружението „Басмак” од село Василево.

Според него, ланската реколта била откупена по просечна цена од околу 170 денари за килограм, што е помалку од преклани.

И лани за околу 20 отсто беа намалени површините засеани со тутун во Струмичко во споредба со 2019 година. Годинава оваа култура е засеана на помалку од 1000 хектари, што во споредба од пред две години е намалување за повеќе од над 200 хектари.

Струмица, 31 мај 2021 (МИА)

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close