fbpx
ВестиМлад земјоделецОгласникТоп вести

Ј а в е н П О В И К за доделување на техничка поддршка за помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи

МЗШВ објавува повик за техничка поддршка за брендирање на домашни земјоделски производи и традиционални специјалитети

Ј а в е н П О В И К
за доделување на техничка поддршка за помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи – трошоци за изработка на елаборати и спецификации за регистрација и заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доделување на техничка поддршка за помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи односно за покривање на трошоци за изработка на елаборати и спецификации за регистрација и заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКАТА

Корисници на техничката поддршка се група на оператори кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на ист земјоделски или прехранбен производ без разлика на нивниот правен облик или состав.

III. Документација која понудувачот е должен да ја достави

За учество во постапката, учесниците на јавниот повик доставуваат предлог за користење на техничка поддршка за трошоци за изработка на елаборати и спецификации за регистрација и заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет (во понатамошниот текст: предлог за користење, кој содржи:

1. Податоци за предлагачот.
2. Назив и резиме на предлогот.
3. Опис на предлогот (опис на постоечки состојби, поставени цели, целни групи, активности кои ги опфаќа предлогот и очекувани резулатати).
4. План на активности со временска рамка за реализација на предлогот по активности и методологија за нивна реализација.
5. Финансиски план на трошоците, временска рамка за нивно настанување и извори на финансирање, како и банкарска сметка на која треба да се исплати поддршката и одговорно лице за спроведување на постапката.
6. Изјава дека прифатливите трошоци за реализација на активноста не се финансирани од друга институција.

Кон предлогот се приложуваат и следниве документи:

1. Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија;
2. Препораки или други докази за претходна имплементација на сродни предлози;
3. Доказ од Централен регистар на Република Северна Македонија дека не е поведена стечајна и ликвидациона постапка
4. Доказ од Управата за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки и
5. За здруженија и стопански комори: годишна програма за работа со вклучени активности од предлогот за користење, усвоена согласно Статутот.
6. Доказ за поврзаност на производот со географското подрачје (за географска ознака или ознака за потекло).
7. Доказ за специфичниот и традиционален карактер на производот (за гарантиран традиционален специјалитет).
8. Изјава за бројот на производители кои го произведуваат производот и кои се членови на групата која го поднесува предлогот за користење, количина на годишното производство на производот, дефинираното географско подрачје (за заштитени ознаки за потекло односно за географски ознаки), придобивки кои би ги имал регионот од заштитатана производот и промотивни кативности кои би се спроведувале.

Потребната документација се доставува во оригинален примерок или фотокопија заверена кај нотар. Сите документи не треба да се постари од шест месеци.

IV. Доставување на предлог за користење

Предлогот за користење за учество на јавниот повик се доставува во еден оригинален примерок потпишан од понудувачот.
Предлозите за користење се поднесуваат во рок од 45 (четириесет и пет) дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневниот печат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Предлозите кои не се предадени во предвидениот рок, како и оние кои не се изготвени според поблиските критериуми од јавниот повик нема да бидат разгледувани.
Предлогот за користење и другата документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознака „Не отварај за јавен повик. „Предлог по јавен повик за техничка поддршка за tрошоци за изработка на елаборати и спецификации за регистрација и заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет“ и во средината „Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, улица „Аминта III“ број 2, Скопје.
Ковертот не треба да содржи никакви други ознаки со кои би можел да се идентификува понудувачот односно испраќачот.

V. Критериуми за избор на најповолен понудувач

Комисија формирана од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство врши избор на корисници по јавен повик врз основа на евалуација на исполнување на следните критериуми со бодови утврдени во член 13 став (2) од Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 208/19 и 236/19):

Критериум Бод
Реални и применливи резултати со брзи ефекти насочени кон остварување на дефинираните стратешки цели за развој на земјоделството 30
Оддржливост по реализација на поддршката 25
Директно и индиректно влијание на поголем број субјекти во областа на земјоделството 15
Сопствено или учество од други извори на финансирање 15
Здружување на корисниците на поддршка, јавно-приватно партнерство или други форми на партнерство со поголем број на корисници 10
Претходно искуство во реализација на активностите од значење за целната група на крајни корисници на поддршка 5

Како прифатливи се предлозите кои после изборот од страна на Комисијата ќе освојат повеќе од 50 бода.

VI. ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ, Висина и исплата на финансиски средства

Максималниот износ на поддршката изнесува 80% од вредноста на трошоците за изработка на елаборат односно спецификација на производот, лабораториски анализи, истражување на пазар и трошоци за контрола и верификација за соодветност на елаборатот односно спецификацијата со производот, но не повеќе од 300.000,00 денари.
Висината на одобрената поддршка и обврските на договорните страни ќе бидат дефинирани со склучен договор помеѓу Министерството, односно министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и избраниот корисник.
Корисниците на техничката поддршка треба во рок од десет дена по завршување на активноста да достават извештај за реализираната активност до Министерството. Исплатата на техничката поддршка по корисници се врши по доставен извештај за реализираната активност. Исплатата на техничката поддршка по корисници може да се врши двократно и тоа авансно 20% од одобрениот износ, согласно прописите за јавните набавки, а и исплатата на останатите 80% од одобрениот износ по завршувањето на активноста и по доставување на извештајот.
Средствата ќе бидат обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.
За реализација на добиената техничка поддршка корисниците треба да спроведат постапка за јавна набавка согласно прописите за јавните набавки.

VII. Прилози на јавниот повик

За подготовка на предлогот за користење, Министерството објавува детално Упатство за изработка на предлогот за користење на техничка поддршка кое се наоѓа на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство www.mzsv.gov.mk

VIII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на телефон 02/31 34 477 лок. 403 или да ја посетат веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство www.mzsv.gov.mk.

Слични написи

Back to top button
Close